Македонија Ѓ.П. и ЦСКА Софија попладнево во Скопје одиграа без голови во воведниот меч од второто квалификациско коло за Лигата на конференции на УЕФА.

Ѓорчепетровци добро им парираа на гостите од Софија во првото полувреме, но мораа да препуштат иницијатива во продолжението и своите шанси за гол да ги бараат од прекини или контранапади.

Белгискиот судија Ван Дриске во екстра времето на првиот дел му покажа втор жолт картон на Матеус Ламос и го исклучи по стартот врз гостинскиот стопер. Но, и со фудбалер помалку, тимот на Македонија Ѓ.П. успеа да се справи со противничките притисоци и да сочува мирна мрежа пред реваншот во Софија во наредната недела.