Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ги формира меѓувладините групи за соработка, Бугарија најави дека нема да губи ниту минута за резултати

0
By Sashko on January 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на заедничката седница на владите на Северна Македонија и на Бугарија на 25 јануари, од Скопје и од Софија се испраќаат пораки за нов пристап во решавање на отворените билатерални прашања. Владата на вчерашна седница донесе решение за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу земјава и Бугарија, а бугарскиот премиер Кирил Петков пред седницата на неговата Влада порача дека и Скопје и Софија мора да го исполнат поголемиот дел од задачите што не се завршени.

Дополнително, вицепремиерот Маричиќ оцени дека новиот пристап кон решавање на отворените прашања со Бугарија ветува позитивен исход и дава нова вредност во заложбата на Северна Македонија за пристапување кон ЕУ, додека министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека за неколку дена ќе има предлог за наш амбасадор во Софија.

Со Одлука на Владата на вчерашната седница се формирани заеднички меѓувладини работни групи за економија, за трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. За копретседавачи на работните групи се именувани вицепремиерите и министри од соодветните ресори, а во нив ќе членуваат и претставници на ресорните министерства и соодветните агенции и институции.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во интервју за ТВ Канал 5 нагласи дека целта на Владата е во работните групи, чијашто работата ќе се одвива практично на неделно ниво, да не бидат вклучени само политичари, туку и деловните заедници, стопанските комори и претставници на универзитетите и на младински организации, кои што можат да дадат придонес во зајакнувањето на добрососедските односни.

Тој потенцираше дека средбата со Петков во Скопје минала во позитивен дух и оти се разговарало за враќањето на довербата, на начин што ќе се вклучат поголем број институции и чинители од општеството кои ќе може да придонесат во тој процес, како и за реализација на проекти коишто се вредни за иднината и за животниот стандард на граѓаните.

Јас се надевам дека во јуни и јули ќе имаме многу подобри односи со Бугарија и дека ќе бидеме чекор до решавање на отворените прашања што ги имаме, истакна Ковачевски, нагласувајќи дека иако не сака да се врзува со датуми и конкретни рокови, сепак е рационален оптимист којшто верува во остварување на целта – да стигнеме брзо до решение.

Бугарскиот премиер Петков, кој во вторникот престојуваше во посета на Скопје, во коментар на односите на Бугарија со земјава, истакна дека нема да се губи ниту минута за да се претворат новите заложби во вистински резултати, најавувајќи изработка на план со реални достигнувања што треба да се постигнат во следните шест месеци.

Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години, изјави Петков, посочувајќи ги како примери транспортното поврзување меѓу двете земји, потребата од воспоставување брза железничка врска меѓу Софија и Скопје, како и директна авиолинија меѓу двата главни града.

По посетата на бугарската владина делегација предводена од Петков на Скопје и претседателот на Бугарија, Румен Радев излезе со поумерен тон, нагласувајќи дека од неа дошле „позитивни сигнали“ и дека секој чекор што ја продлабочува билатералната соработка треба да биде поддржан.

Но, Радев сепак не пропушти да посочи дека заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата и соработката, да не се заборави на „главните прашања што треба да се решат и ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите“ на земјава со ЕУ.

„Се надевам дека властите во Скопје ќе покажат мудрост и политичка храброст да ги решат овие проблеми, особено правата на македонските Бугари, за да може да ја отвориме вратата за почеток на преговорите за членство. Како одговорна членка на ЕУ, мора да интегрираме партнери, а не проблеми“, нагласи Радев.

Бугарија Македонија Меѓувладини групи соработка спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.