Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија го засилува граѓанскиот увид во третманот на водите

0
By НОВА ТВ Balaban on March 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Photo: UN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 22, 2022 15:49

Следењето, оценувањето и класифицирањето на квалитетот на водата е од витално значење за човештвото, вели професорката Рената Ќуштеревска, раководителка на Институтот за биологија при Природно – математичкиот факултет од Скопје

Граѓаните добиваат увид кои компании и претпријатија имаат дозволи да ги користат и да испуштаат во водите или да ископуваат песок, чакал и камен од реките и езерата. Надлежните органи, пак, ќе можат полесно да ги следат и санкционираат оние кои не постапуваат според дозволите, и да ја спречат деградацијата на водите. За пореална слика на состојбите со водните ресурси, се стандардизира и мониторингот врз квалитетот и квантитетот на површинските и подземните води.

Ова се овозможува со дигиталната платформа за Водната книга, база на податоци за управување со водите, и со Методологијата за мониторинг на водните тела, кои за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање се изработени во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Дигиталната водна книга ги содржи информациите за издадените дозволи и концесии од Секторот за водите при Министерството. Таа обезбедува континуирано да се одржува информативниот систем за дозволите и нивно следење, а за граѓаните и инспекциските органи овозможува слободен пристап до информациите од системот, без посебни барања и постапки. Податоците од Водната книга треба да придонесат да се има увид на влијанијата врз водите, да се утврди потеклото на загадувањето и да се оцени дали оптоварувањето врз водните ресурси се врши во согласност со дозволите.

На денешната презентација, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кажа дека дигиталната платформа ќе придонесе за транспарентност на податоците од Водната книга.

„Јавноста има право за пристап до податоците од животната средина и да знае за начинот и условите на користење на водните ресурси. Преку оваа дигитална платформа, ќе се овозможи сите релевантни податоци од Водната книга да бидат јавно и лесно достапни“, изјави Нуредини.

За систематско следење на состојбата на површинските и подземните води, денеска беше презентирана и стандардизираната методологија за мониторинг со која се пропишува увидот во еколошкиот и хемискиот статус и квантитетот на водите.

Методологијата за мониторинг на водите е подготвена од професори од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет од Скопје и експерти од хидро-метеорологијата  и хидро-биологијата.

– Следењето, оценувањето и класифицирањето на квалитетот на водата е од витално значење за човештвото и е директно поврзан не само со човековата благосостојба, наводнувањето и исхраната, туку и со опстанокот на различни живи организми кои придонесуваат за еколошката рамнотежа на планетата Земја, рече професорката Рената Ќуштеревска, раководителка на Институтот за биологија при ПМФ – Скопје.

Настанот се одржа по повод Светскиот ден на водата – 22 март, кој оваа година се одбележува под мотото „Подземни води – правење на невидливото видливо“.

 

22 март Водната книга граѓаните Светскиот ден на водата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.