Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и Италија ја унапредуваат билатералната соработка

0
By Biljana on May 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По пристигнувањето во Рим, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

„На претседателот Серџо Матарела му пренесов дека Северна Македонија ја цени конструктивната и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во EУ. Нашите две земји ги поврзува традиционално пријателство. Го продолжуваме политичкиот дијалог и ја унапредуваме билатералната соработка во сите области од заеднички интерес“ напиша по средбата Пендаровски на официјалниот Фејсбук профил.

На средбата Пендаровски добил ветување дека Италија ќе се заложи,  процесите да се интензивираат за целиот Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија, која предолго чекала во чекалната на европските интеграции.

„Тоа е и во нивни интерес не само на државите кои се лоцирани во нашиот регион. Интересен детаљ е дека по 20 години, мислам до крајот на оваа година, вети дека ќе дојде во официјална посета на Северна Македонија, тоа е втора или трета посета на италијански претседател откако Македонија е независна држава“, изјави Пендаровски по средбата.

Претседателот Пендаровски во италијанската престолнина замина со бугарски државен авион, заедно со претседателот на Бугарија, Румен Радев кој беше во куса посета на скопскиот аеродром. Пред заминување двајцата претседатели порачаа дека заедничкото патување е добра основа да се продлабочи дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Пендаровски во Рим ќе има средба и со папата Фарнциск. Повод за посетата на Рим е чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј.

Рим Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.