Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ја напушта преговарачката маса ако во јуни нема пробив, не ја прифаќа идејата за Европска политичка заедница

0
By Соња Крамарска on May 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи и меѓународни односи на Австрија Александар Шаленберг денеска навести дека идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница (ЕПЗ), добива сериозен третман во ЕУ, и испрати порака до Северна Македонија дека Австрија стои зад отворање почеток на преговори и дека работи на тоа тие да почнат пред почетокот на летните одмори, но и нагласи дека „на младите треба да им се покаже дека иднината им е во ЕУ меѓутоа не треба да се чека да заврши тој долг процес“.

Неговиот домаќин, меѓутоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи, категорично изјави дека Северна Македонија во процесот за зачленување во ЕУ влегла заедно со Словенија и Хрватска, и дека очекува тројката да се комплетира со членство и на Македонија во Унијата. „Ние сега говориме за почеток на преговори. Тоа не е ни уцена ни ултиматум. Бараме да влеземе во процесот на преговори, а дебатата за иднината на ЕУ нека се одвива“, рече Османи.

Шефот на австриската дипломатија Шаленберг допатува од Бугарија, но на прашањето дали е извршен притисок Софија да се откаже од ветото тој одговори: „Разберете дека интензивните разговори што вчера ги имав во Софија а денес во Северна Македонија, се доверливи, но јас сум охрабрен дека ситуацијата е веќе напредната“.

„Се приближуваме кон решавање на проблемот, сите делчиња од сложувалката се на маса и само треба да ги сложиме. Пред почетокот на летниот распуст ќе дојде и почетокот на преговорите. Тоа е геостратешка неопходност“, изјави Шаленберг додавајќи дека ЕУ нема да дозволи Кина и Русија да вршат влијание во регионот.

Министерот Османи, пак, вели дека делот што недостига во сложувалката е „лепилото“ односно политичка волја од Софија. Околу барањата да влезат во Уставот Бугарите кои живеат во Македонија, тој рече: „Тоа прашање е сензитивно. Северна Македонија еднаш веќе го смени Уставот за да влезе во НАТО, сега повторно се бара да го смени за да почне преговори со ЕУ. Но тоа не ни го гарантира процесот. Ние немаме ништо против бугарската етничка заедница да биде дел од Уставот заедно со другите етнички заедници бидејќи Македонија е мултиетничка демократија, спремни сме да им ги гарантираме сите права на нашите сограѓани Бугари како што се гарантирани на останатите граѓани, но им кажавме дека нивните права треба да ги бараат од државата во која живеат а не од друга држава“.

За најавата за прекин на прекин на преговорите со Бугарија, Османи нагласи дека тоа не е ни ултиматум ни уцена туку одраз на една реална состојба и разочарување. За австрискиот шеф на дипломатијата Шаленберг, пак, е разбирливо, како што рече, што постои фрустрација и разочарување и дека ЕУ треба да покаже сега кредибилност. „Има закани дека ќе прекинат преговорите со Бугарија, но сепак станува збор за обостран интерес за да се стабилизира овој регион. Австрија има задача да помогне да почнат преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија“, изјави тој. (С.К.)

 

 

 

 

 

 

Александар Шаленберг Бујар Османи ЕПЗ ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.