Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија попушти: Српското брашно ќе се увезува со стариот правилник

2
By Нова ТВ on April 12, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија се согласи привремено да ја врати употребата на стариот правилник за увоз на српско брашно, но допрва ќе се одлучува од кога ќе почне да се применува.

Стариот правилник важеше се до февруари оваа година, а потоа нашата страна воведе измени, кои наидоа на остра реакција од Србија и најава за воведување на контрамерки.

Ова денеска во Белград го договориле српскиот вицепремиер и министер за трговија, Расим Љајиќ и неговиот македонски колега, вицепремиерот Кочо Анѓушев, од чии кабинет соопштија дека на средбата било  усогласено решение за поединечните  отворени прашања во трговската размена меѓу двете земји.

„Во исто време од македонска страна е договорено како привремено решение да се работи на враќање на стариот правилник за контролните маркици за брашно, кој важеше до 7 февруари оваа година. Но, во тој случај,  при увозот на брашно треба да се овозможат услови за непречен инспекциски увид на увозното брашно од страна на инспекторите на македонската Агенција за храна и ветеринарство на граничниот премин, со што ќе се контролира дали маркиците се соодветно залепени на брашното и дали брашното има соодветна деклариција“, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Ова практично би значело дека контролните маркички за сите количини на брашно што во земјава се увезуваат, повторно ќе се лепат во Србија, според стариот правилник.

Српската страна мора да гарантира дека во секој нивни камион во кој ќе се увезува брашно, наш инспектор од АХВ ќе може буквално во секое време да влезе и да ги направи потребните контроли.

На денешната средба меѓу Анѓушев и Љајиќ во Белград ветувања дала и српската Влада.

„Српските гранични служби се обврзуваат да ги отстранат бариерите во трговијата на ориз, сувомеснати млечни производи од Македонија во Србија, што беше и главното барање на македонските компании кои извезуваат во Србија“, се вели во соопштението.

Откако Македонија во февруари годинава воведе измени на правилникот, со кои се предвидува маркичките да се издаваат дури откако за брашното ќе се добијат резултатите од лабараториските анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се гарантира дека брашното е безбедно за употреба за македонските потрошувачи, српските мелничари побараа од Владата да воведе контрамерки против Македонија, жалејќи се на поголеми давачки и забавување на процедурата.

Потоа, Македонија се согласи маркичките за пакувања од еден, два и пет килограми да се лепат во Србија, а на оние од 25 и 50 килограми, да се издаваат во земјава, а при посетата на Љајиќ на Скопје констатирано е дека недоразбирањата се надминати, но проблемот мора да се решава системски, со рок до 14 април.

Вицепремиерите се договориле Владите да направат напори до 30 јуни да бидат потпишани и ратификувани Меморандум за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарнство и Меморандум за фитосанитарна соработка, со кои меѓусебно ќе бидат признаени сертификатите на двете земји. Така практично би престанала потребата за двојно земање примероци и анализа на прехранбените производи, што во голема мера ќе ги намали дополнителните и непотребните трошоци со кои се соочуваат стопанствениците од двете земји,  се вели во соопштението.

Од Србија во Македонија годишно се извезува околу 40.000 до 50.000 тони брашно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.