Колку луѓето се посиромашни, толку стапката на релгигиозност во државата во која живеат расте, покажуваат анализите на Галуп и Еуростат, кој ги објави „Рефлектор“.

Според овие податоци, Македонија има највисока сиромаштија и религиозност во Европа.

Галуп ги прави истражувањата во речиси 120 држави, каде што резултатите покажуваат дека религијата има важна улога во животот на луѓето.

Според социјалните истражувачи, има неколку можни објаснувања за врската помеѓу религијата, популацијата и платите.

Се покажало дека религијата игра особено важна улога во посиромашните земји која на населението му служи како надеж во секојдневните битки, за разлика од развиените земји каде што материјалните средства се помал проблем.