Здруженијата на маргинализираните заедници бараат примена на стратегија за сексуално и репродуктивно здравје и права 2010 -2020. Тие обвинуваат дека државата не презема конкретни активности за да го унапреди уживањето на сексуалното и репродуктивно здравје и права. Како што велат, со низа активности, мерки и кампањи направено е поголемо оддалечување од принципите и од целите на националната стратегија.