Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија во април „преживеа“ инфлација од 10,5 отсто – Народна банка презема чекори за нормализација

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2022 15:29

Инфлацијата во нашата земја во април достигнала 10,5 отсто, а Народна банка преку своите инструменти почнала со постепена нормализација на монетарната политика, вели гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска.

Зборувајќи за инфлациските движења и проекции таа рече дека во Централна и Југоисточна Европа инфлацијата во тој период била 11,4 отсто.

„Инфлацијата е зголемена и во домашната економија и изнесувала 10,5 отсто во април, со оглед на исклучително високата трговска отвореност на земјата, што значи голем број продукти коишто ги користиме се од увоз“, посочи гувернерката Бежоска во својот говор на Годишната меѓународна конференција „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

„Со оглед на зголемените инфлациски очекувања и состојбата на девизниот пазар, Народната банка исто така започна со постепена нормализација на монетарната политика преку користење повеќе инструменти. Секој чекор во натамошниот период ќе зависи од макроекономските услови и очекувања и согледувањата на ризикот“, вели таа.

Бежоска истакна дека координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика е од особено значење за пребродување на новите предизвици коишто ги донесе војната во Украина.

„За време на пандемијата, силната реакција и добрата координација на монетарната и фискалната политика придонесле за релативно брзо закрепнување од кризата. Сепак, во оваа криза, со оглед на инфлациските движења, ситуацијата е поразлична и вниманието на централните банки треба да биде насочено кон одржување на стабилноста. Неопходно е ублажувањето на ефектите врз економијата на краток рок да се прави преку фискалните инструменти што ги засегаат најприоритетните области и најпогодените категории на населението“, рече гувернерката.

гувернерка Анита Ангеловска - Бежоска инфлација април Народна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.