Теренската вакцинација продолжува и денеска во 19 населени места, а како и досега вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупниот број на имунизирани до завчера според сондажата од терен и од вакциналните пунктови изнесува 506.033 граѓани.

Прва доза вакцина завчера примиле 3.770 граѓани, а вкупниот број на вакцинирани изнесува 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство излезе со анализа за степенот на имунизација според старосниот репер. Па така, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од тие над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина, 56 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 46 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, информираат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.