Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија заостанува во нудењето можности за лицата со Даунов синдром

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 21, 2018 14:17

Да се формираат групи кои ќе понудат и медицински и психолошки сервиси за поддршка на лицата со даунов синдром, бараат од Центарот за даунов синдром.

– Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со Даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Се уште постои голема потреба од системски решенија. Се уште нема податоци за бројот на лица со даунов синдром, рече претседателот и основач на Центарот за Даунов синдром, Ида Мантон на прес-конференција по повод 21 Март, Светскиот ден на даунов синдром.

Фото МИА

Осврнувајќи се на презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“, таа посочи дека попладне во Кинотеката на Македонија во рамки на одбележувањето на Светскиот ден ќе има и балетски перформанс на кој ќе настапат деца со даунов синдром кои работеле со своите балетски педагози.

Патронот на лицата со Даунов синдром, актерката Искра Ветерова рече дека лицата со даунов синдром се родени глумци, бидејќи тие не знаат да лажат на сцена и секогаш имаат неверојатна спонтаност и емоција.

– Овие деца можат се што можеме ние. Тие не се со посебни потреби, тие се едноставно поинакви. Но, кога ги запознаваме веќе не го забележуваме тоа. Тоа истото би се случувало кога тие би биле вклучени во основното, средното и високото образование. Тие можат да постигнат се. Системот мора да им ги отвори вратите за да можат тоа да го постигнат, додаде Ветерова и упати апел да се отворат школи во кои ќе има логопед, односно некој кој ќе работи со овие деца кога има потреба.

Даунов синдром Македонија Светски ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.