Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска монетарна самостојност: Денарот го слави 28. роденден

0
By Нова ТВ on April 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денарот одбележува 28 години од воведувањето како платежно средство во Македонија по осамостојувањето од поранешна Југославија. На денешен ден (26 април) пред 28 години се донесени повеќе закони како предуслов за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народната банка. Надлежните уверуваат на негова стабилност и одржување стабилен курс.

„Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Народната банка располага со низа инструменти со кои гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Стабилноста на курсот била и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот ќе остане стабилен“, посочуваат во неколку наврати од Централната банка по почетокот на корона-кризата.

Оттаму потсетуваат дека девизните резерви што се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во неколку наврати уверуваше дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека не треба да постои никаква загриженост за домашната валута.

Денарот како национална валута во земјава е воведен на 26 април во 1992 година, на денот на нејзиното монетарно осамостојување. На почетокот, во првата година, се користеше како вредносни бонови, а во 1993 година се појави и првото оригинално издание на денарот.

Книжните пари што се употребуваат и денес се пуштени во оптек на 8 септември во 1996 година. Во оптек се пуштени книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари, но последната е повлечена поради нејзиното мало користење.

Изгледот на македонските книжни пари го отсликува богатото културно наследство на Република Северна Македонија и осмислен е од ликовната уметница Билјана Унковска, а финалниот дизајн е изработен во печатницата „Де ла Ру“, Велика Британија.

 

Во 2018 година, се пушаат во оптек и првите полимерни пари во земјава со вредност од 10 и 50 денари.

Како платежно средства се користат и кованите пари од еден, два, пет, 10 и 50 денари. До 2013 година се користеше и монета од 50 дени која беше најниска домашна валута. Во моменто најниска домашна валута е еден денар.

Македонската национална валута го добила според истоимената античка римска валута – денар (лат. denarius) што се употребувала и на нашата територија во минатото.

Книжни и ковани пари според законската регулатива, издава Народната банка, која е одговорна за снабдување со книжни и ковани пари.

Денар Македонија Монетарна самостојност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.