Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска премиера на „Ругање со Христос“, награда од „Киненова“ за Аница Добра

0
By Нова ТВ on October 5, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 5, 2018 22:08

Во исполнетата сала на кино „Милениум“ вечерва се прикажува македонската премиера на дебитантскиот игран филм „Ругање со Христос“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи, со кој е отворен 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“.

Филмот освои награда на фестивалот во Монтреал, каде што беше светската премиера, а во Македонија до вечерва не е прикажан и беше достапен само трејлерот. Предизвика внимание во јавноста по оценката од Министерството за култура дека е „скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот“.

Пред проекцијата режисерот Бојаџи пред публиката во „Милениум“ рече дека неговиот филм не се занимава со вистината, туку со приказна. Кажа дека во изминатите два месеца добивал прашања дали е филмот снимен според вистина и одговори дека со прашањето дали филмот треба да се занимава со вистина расчистил пред дваесетина години кога негов професор на Академијата за театар и филм во Софија му рекол: „Кога ќе дојдеш на крстопатот меѓу вистината и приказната, тргнуваш по приказната. Таму можеби ќе најдеш некаква вистина“.

–  Во тој момент расчистив и престанав да се занимавам со вистината. Особено да се занимаваме со вистината во кинематографијата е бесмислено кога толку лаги има наоколу. Значи, овој филм не се занимава со вистина, туку со приказна, рече Бојаџи.

Соопшти дека филмот е нискобуџетен, снимен со 280.000 евра, осум недели во Македонија, Грција и Франција, со интернационална актерска екипа, како што рече: Македонци, Грци, Албанци, Бугари, Руси, Хрвати, Французи, Германци, Словенци.

На отворањето на фестивалот и пред почетокот на филмот на Бојаџи, српската актерка и ѕвезда на југословенскиот филм Аница Добра ја прими наградата за особен придонес во филмската уметност.

– Пред проекцијата на филмот би сакала да кажам дека филмовите ги спојуваат непознатото и луѓето, филмовите градат мостови и тоа не е само наша лична работа, туку остава голема трага и отпечаток во цивилизацијата. За да напредуваме како цивилизација, мора да научиме да гледаме на светот и со туѓи очи, зашто само така, ако ги разбереме туѓите животи и туѓите погледи на светот, и самите себеси ќе си дадеме подлабока суштина и причина за овој наш живот, рече Добра.

Актерката со улоги во околу сто филмови, меѓу кои во „Собирен центар“, „Балкан експрес“, „Како пропадна рокенролот“, „Црниот бомбардер“, „Веќе видено“, „Тито и јас“… рече и дека Македонците се толку прекрасен народ што и во  јазикот имаат многу деминутиви.

– Моето презиме би било „добричка“, но вие ми укажавте толкава почит и ме направивте – најдобра, рече познатата актерка.

Наградата и ја врачи директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ. За филмот на Бојаџи тој рече дека предизвикал многу внимание во јавноста и дека, поради големиот интерес за билетите кои беа во слободна продажба за премиерата, ја разгледуваат можноста да организираат уште една проекција.

– Се изборивме за овој слободен простор и се уште се бориме. Работевме напорно за фестивалот, рече Јовановиќ, прогласувајќи го отворен  третиот фестивал  „Киненова“  кој ќе трае до 12 октомври.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.