Женскиот кошаркарски клуб Вардар и трета година во низа е освојувач на трофејот во македонскиот кошаркарски Куп. „Црвено-црните“ девојки во финалето во Гевгелија го совладаа тимот на Бадел 1862 со 50:40 благодарение на подобрата игра во второто полувреме.
За најкорисен играч (МВП) и најдобар стрелец на натпреварот беше прогласена Славица Наков од Вардар која во мечот за титулата постигна 23 поени. Во поразениот тим најефикасна беше Сандра Лазареска со 10 поени.