При несреќа на градилиште на северот на Италија, македонски работник го загуби животот. Станува збор за лице со иницијали Н.А., а обвинителството на Тревизо го истражува случајот, пренесуваат италијанските медиуми.

Обвинителката Даниела Брунети нареди да се изврши обдукција на телото на 48-годишниот македонски работник за да се открие причината за смртта.

Во меѓувреме, одговорните лица од градилиштето се на распит во полиција и отворена е истрага за убиство без умисла.