Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските и бугарските историчари засега без нови решенија и препораки

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без усвоени решенија и препораки заврши 15. состанок  на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што се одржа вчера и завчера. Во меѓувреме, оставка од работата во Комисијата вчера поднесе професор Ванчо Ѓорѓиев поради како што тврди „обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата од страна на висок функционер на  Министерството за надворешни работи“, а тоа предизвика редица реакции на домашната политичка сцена.

Како што брифираа за МИА од македонската страна на Комисијата, неносењето решенија и препораки во работата на ова тело се должи на исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање за минатото.

– На првиот ден од дискусијата членовите на Комисијата разменија неколку предлог-идеи за препораки за учебниците по историја со кои би се подобрило историското образование во двете држави. Како и досега, предлозите од македонската страна беа засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од УНЕСКО и Советот на Европа во кои се уважуваат различните погледи и толкувања на минатото. По исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел–градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка, брифираа за МИА од македонскиот тим.

Во текот на вториот ден, според македонската страна на Комисијата, членовите на Комисијата дискутирале и за можноста личноста на Гоце Делчев да биде заеднички чествувана од двете држави.

-Како и во однос на прашањето за учебниците по историја, дискусијата за Гоце Делчев го покажува различниот пристап и разбирање на историјата и нејзината улога во двете држави, наведоа од македонскиот тим на Комисијата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, пак, на брифинг за медиуми во бугарското Министерство за надворешни работи рекол дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.

-До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, наведе Димитров.

Според него, неговите колеги од Северна Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Тој даде пример дека, како што рече, тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година. Димитров додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.

Според Димитров, „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата, потсетувајќи дека претстои втор круг од локалните избори во земјата“.

Членот на Комисијата Ванчо Ѓорѓиев, како што пренесоа дел од медиуми, како причини за неговата оставка ги наведува и „двојното водство во македонскиот дел од Комисијата и отстапка од утврдените принципи за консензуално носење одлуки, измени во учебникот по историја без негова согласност, отстапка од зацртаните црвени линии од другите членови на Комисијата, а на штета на националните интереси“

Во реакција на неговата оставка македонскиот дел на Комисијата наведе дека со Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работеле и донеле добри решенија со кои, стои во реакцијата, сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение“.

-Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии. Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието“, се наведува во реакцијата.

Вчера со свој став излезе и Петар Тодоров, членот на македонскот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, тврди дека никој во земјава не врши политички притисок во работата на оваа Комисија. Ние, вели тој, работиме на научни принципи со заштита на националните интереси и никако не може да стане збор дека вршиме некакво предавство на овие интереси.

-Најодговорно тврдам дека во ниту еден случај никој не дошол, дали станува збор за некој чиновник од МНР или политичар, да дојде да ни каже вака или онака треба да работите за да се дојде до решението, рече Тодоров.

Тој нагласи дека  секое решение до кое досега дошла Комисијата е во согласност со националните интереси.

–Никој не врши предавство и затоа никој да не ја злоупотребува Комисијата и нашата работа за да се промовира тој пристап. Ние во Комисијата сметаме дека ако треба може да се објават уште сега во овој момент решенијата на Комисијата за да се разбие таа фама дека нешто се продава и ќе се види многу јасно што е договорено  и ќе се види дека нема никакви предавства со кои се манипулира во јавноста. Јас да можам да ја имам таа моќ веднаш би ги објавил. Тврдам дека нема никакво предавство, рече Тодоров.

И од Владата во соопштение наведоа дека во ниту еден момент ниту се мешале, ниту имале какво било политичко влијание во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија.  -Напротив, секогаш ја поддржувала нивната работа, како научници кои сами, заеднички двете страни, ги утврдија своите принципи на работа. Категорично отфрламе било каква инсинуација дека имало било какво влијание на одлуката на професорот Ванчо Георгиев да го прекине својот ангажман како член на Комисијата од страна на Владата или било која нејзина институција. Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата, секој член на нашиот дел од Комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество, порачаа од Владата.

Оттаму дополнија само пред една недела професорот Георгиев го потпишал со слободна волја договорот за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата. Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Георгиев, си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија. Со ова соопштение укажуваме на овие непобитни факти, ја почитуваме неговата одлука и се заблагодаруваме за неговиот досегашен ангажман, наведоа од Владата.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, исто така, истакна дека Министерството за надворешни работи никогаш не правело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија.

-И порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува и ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето, рече Османи во одговор на  новинарско прашање.

Како што потенцираше, МНР логистички ја поддржува Комисијата, но никогаш во однос на содржината, делокругот на нејзината работа.

Лидерот на опозициската СДСМ Христијан Мицкоски, пак, ги повика и останатите членови на историската Комисија да поднесат оставка.

-Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека ако е вистина тоа оти „некој меѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија и на сметка на тоа политички да опстане“, тогаш тој „навистина е шокиран“.

– Веднаш повикувам и останатите членови на Комисијата која преговара, да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓоргиев. Ние имаме јасна Декларација во Парламентот и очекувам да се држат до Резолуцијата што ја усвои македонскиот Парламент. Очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна и апелирам до членовите на историската комисија за трезвеност, патриотски чувства, затоа што ова се чувствителни моменти за македонскиот народ и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат, рече Мицкоски.

Во реакција на неговиот став од владејачката СДСМ наведоа дека Мицкоски денеска случајно или не признал дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, е негово дело и по негова инструкција.

-Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија, оценија од СДСМ.

Средбата на мешовитата Комисија се одржа во изборен период во двете земји – кај нас заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември.

На претходниот 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега.

Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија е согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година, а нејзината работа е една од точките на патоказот 5+1 како можно решение за спорот со Бугарија и деблокада на пристапните преговори со ЕУ.

Бугарија Историја комисија Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.