Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските компании со можност за трка за директен влез во светските бизнис можности

0
By Mirjana on July 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 13:59

За прв пат македонските компании имаат можност меѓу 176 земји во светот да се натпреваруваат со своите деловни достигнувања за награда која ќе им овозможи билет за директен влез во светските бизнис можности

 Наградите “Go Global” се во организација на Меѓународниот трговски совет (International Trade Council) кој постои од 1956 година.

За прв пат Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Invest North Macedonia е дел од доделувањето на признание на компаниите на меѓународно ниво, а директорот Дејан Павлески е еден од 14–те судии кои ќе ја вршат селекцијата на пријавените светски компании.

-Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги повикува домашните компании да учестуваат на овој престижен избор на најдобрите бизниси во светот. Пријавувањето е до 3 август 2021 година, а за сите заинтересирани Агенцијата нуди советодавна поддршка. Селектираните компании ќе бидат објавени на 14 септември 2021 година, а официјалниот избор кој поради пандемијата ќе се одржи виртуелно е со термин на 5 октомври 2021 година, изјави директорот на Агенцијата за  странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

Go Global наградите обезбедуваат глобално признание за успехот во работењето на компаниите. Програмата има за цел да изгради заедница на високи извршни директори од целиот свет да се поддржуваат едни со други, да споделуваат идеи, да создаваат партнерства и да ги надополнуваат нивните постоечки знаења и врски. Победниците добиваат пристап до уникатни меѓународни платформи преку обемната мрежа на членови на Меѓународниот трговски совет во 176 земји.

Аплицирањето за Go Global наградите е бесплатно, а на македонските компании како и сите останати им се нуди можност да ја прошират мрежата на ресурси, повеќе да се информираат за иновациите и можностите на пазарот и лично да се споредат со своите конкуренти.

Според претседателот на Меѓународниот трговски совет за Југоисточна Азија, Рањани Ранган, 2020 година беше година како никоја досега, сепак деловните субјекти од сите големини, од сите индустрии, ги дефинираа ограничувањата на нашиот нов свет. Овие организации ја покажаа својата еластичност, иновираа, прифатија брзи технолошки промени и ги поддржаа своите вработени и заедниците на начин што никогаш порано не се видел. Претприемништвото не може да се запре. Соработката секогаш ќе преовладува. Нови можности понекогаш може да се најдат и на најтемните места.

 Апликациите ќе ги разгледуваат 14 судии кои ќе доделат 8 категории награди за лидерство. Поканети да учествуваат се компани кои (без оглед на нивната големина) ја водат економијата напред преку своите иновации, технологии и стратегии.

Наградите обединуваат стотици високи извршни директори од некои од најиновативните светски производители, извозници, технолошки фирми, меѓународни даватели на услуги, фирми со заеднички капитал и финансиски институции. Категориите за награди за овие години вклучуваат: сметководствени услуги, напредно производство, вештачка интелигенција, биотех, извршување на деловни процеси, CleanTech, градежништво, е-трговија, ЕдТех, електроника, енергија, промоција на извозот, мода, финансии, информатичка технологија, здравствена технологија, гостопримство, правни услуги, логистика, производство, маркетинг, истражување на пазарот, MedTech, рударство, пакување, фармација, професионални услуги, PropertyTech, малопродажба, роботика, испорака, управување со снабдувачки синџири, туризам, трговија, финансии, рударство и трговија на големо.

Во 2019 година на Go Global наградите се пријавиле 3952 компании од 161 земја, награди добиле 91 компанија од 18 земји.

бизнис натпревар Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.