Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските млади атлетичари Ивановски, Стојоски, Трајковски и Поп Арсова освојуваат европски врвови

0
By Mirjana on June 14, 2022 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 14, 2022 10:21

Изминатиот викенд долго ќе се памети за македонската атлетика. Дарио Ивановски стана атлетски шампион на Европското Првенство (ЕП) за мали земји. Најдобриот македонски атлетичар, Ивановски оствари уште еден импресивен резултат во својата кариера, откако се закити со титулата на Европското првенство за мали земји кое се одржa во Малта.

Ивановски настапи на трката на 5000 метри и патеката ја мина за време 14:08.99 минути, што му донесе убедливо прво место пред Максим Илеану од Молдавија (14:24.72) и Дилон Касар од Малта (14:45.13). Ова е уште еден голем резултат за Дарио Ивановски, член на АК Делта, кој редовно и достојно ја претставува Македонија надвор од нашите граници на атлетските собири.

На Европското првенство за мали земји трчаше и Јован Стојоски, кој настапи во две категории. Во првата, на 100 метри, го освои второто место со време 10.69 секунди, заостануваше 0.010 зад победникот Колбејн Ходур Гунарсон од Исланд. Втората беше трка на 400 метри во која го освои третото место со време 47.47 секунди, зад победникот Франко Бурај од Албанија (46.48 секунди) и Тео Андант од Монако (46.91 секунди).

Уште една одлична вест. Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд на 100 метри во Копенхаген, Данска. Тој истрча одлично и постави нов рекорд на 100 метри на атлетскиот митинг во оваа скандинавска земја.

Трајковски, кој е роден во Данска, но пред извесен период се реши да настапува за Македонија и е претставник на АК Работнички, патеката во Копенхаген ја истрча за време од 10 секунди и 50 стотинки, со кое го освои третото место во генералниот пласман.

Овој резултат беше доволен за нов македонски рекорд. Досегашниот рекорд на наш атлетичар на 100 метри го држеше Јован Стојовски, кој оваа година на први мај ја мина патеката на „стотка“ со време 10.59 секунди.

Уште една вест за успех на македонската атлетика. Адријана Поп Арсова освои балканска бронза во Карловац, Хрватска. На балканските трки, за првпат оваа сезона се одржуваат трки на десет километри на пат, а на својот дебитантски настап на ваков натпревар, Македонката дојде до успех. Поп Арсова, членка на АК Делта, се пласираше на третото место и се закити со бронзата на овој собир.

Иако првпат се натпреваруваше на десет километри на пат, Поп Арсова по добро ќе ја памети трката. За неа ова е нов успех во богатата кариера.

И за крај, викендов во Бар, Црна Гора се одржа Балканското првенство за млади младинци во атлетика на кое зедоа учество нашите млади идни атлетски ѕвезди и покажаа добри резултати.

македонски млади атлетичари освојуваат европски натпревари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.