Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули: Мерните станици бележат пад на загаденоста на воздухот

0
By Нова ТВ on December 2, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 2, 2018 15:45

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска изврши увид на мерната станица во Центар и истакна дека напорите на Владата на Република Македонија, но и на сите други институции за намалување на аерозагадувањето веќе даваат резултати. Тој притоа сподели неколку статистики од мерните станици кои покажуваат делумен напредок и резултати од досегашните напори.

„Направивме споредба на податоците од изминатите три години (2016 година, 2017 година и 2018 година) за периодите 1 јануари–30 ноември и забележавме дека во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови. Станува збор за број на денови со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми, изјави Макрадули.

Сериозно намалување на бројот на загадени денови, вели тој, има во Тетово, каде во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 година – 115 денови, додека во 2018 тој број паднал на 105 денови.

„Во Битола лани имало 105 загадени денови споредбено со 65 денови годинава на првата мерна станица или 99 загадени денови лани наспроти 70 годинава на локацијата на втората мерна станица. Просекот од сите мерни станици на национално ниво покажува благ пад. Од 99 загадени денови во 2016 година и 2017 година на 86 загадени денови во 2018 година во периодот 1 јануари-30 ноември“, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање.

Макрадули нагласи дека од анализата ги исклучиле мерните станици кои не се во функција.

„Анализата покажува тенденција на намалување на највисоките измерени ПМ10 вредности на годишно ниво, односно, пад на највисоката регистрирана загаденост на воздухот. Просекот од највисоките ПМ 10 вредности од сите мерни станици паднал од 336 во 2017 година на 189 во 2018 година. Во Карпош постои двојно намалување на ПМ 10 честичките и тоа од 525 како максимална вредност во 2017 година на 245 во 2018 година. Во Миладиновци од 423 на 188, во Битола 2 од 530 на 184, во Куманово од 450 на 205 и во Центар од 482 на 224, изјави Макрадули.

Тој апелира секој да придонесе за намалување на загаденоста бидејќи заедно може да го спроведеме Планот за чист воздух и да се спротивставиме на загадувањето и на загадуавачите. Ова е стратешко прашање на Република Македонија бидејќи сите дишеме ист воздух, нагласи Макрадули

воздух загаденост Јани Макрадули Македонија мерни станици ПМ 10 честички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.