Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули: Законот за магистрален гасовод нема врска со проектот Јужен тек

0
By Нова ТВ on January 21, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2014 15:10


Вчера на Комисија од страна на претставниците на Владата се потврди дека законот за магистрален гасовод нема врска со проектот Јужен тек, истакна во својот говор пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули.

Според него, се потврди од страна на претставниците на Владата дека компанијата Македонски енергетски ресурси немаат никаква лиценца за работа со гас. И дека од кога овој закон ќе помине, на фирма од 7 луѓе без никакво искуство во овој сектор, ќе им се даде бизнис вреден, да менаџираат од околу 200 милиони евра најмалку.

„Во законот пишува, а тоа е превземено и од меѓу владиниот договор, 15 милиони евра се обврска на Република Македонија. Како и од која ставка ќе бидат исплатени тие средства? Бидејќи во Буџетот на Република Македонија, во доменот на гасификација, Министерството за транспорт и врски има само 3.8 милиони евра“.

– Владата призна дека лиценцата ќе ја издаде од кога ќе се донесе овој закон.

– Владата потврди дека со овој закон ќе се приклучи на постоечкиот систем на Гама. Тоа значи дека 7 години кога ве молевме да го направите тоа, вие одбивавте, нанесувајќи огромна штета на Република Македонија и нејзините граѓани. Значи можело, ама била политичката одлука и бизнис интересите на Ставрески, Пешевски, Груевски, компанија и ДУИ за да не започне овој процес.

– Иако овластувањето што е дадено од страна на Владата на 15 октомври 2013 година, зборува дека овие 75 милиони долари се наменети за гасовод од Клечовце до Кавадарци и 5 километри до Неготино. Владата денес пред нас дава закон каде што тие пари ќе се потрошат само до околината на Штип. Што после околината на Штип? И колку граѓаните на Република Македонија ќе треба да платат, бидејќи законот предвидува на руската компанија да и се исплаќаат и сите дополнителни оперативни трошоци до пуштањето на гасоводот. Тоа оперативни трошоци значи руската компанија ќе ангажира консултант. Тој консултант ќе чини милион евра. Тоа ќе го платат граѓаните на Република Македонија, рече Макрадули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.