Published: Monday, March 5, 2018 18:24
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор побарал од неговиот руски колега да ги убеди властите во Дамаск да ја прифатат Резолуцијата 2401 на Советот за бебзедност на ОН со која се повикува на прогласување 30-дневен прекин на огнот во Сирија.
Како што соопшти Елисејската палата, Макрон во разговорот му порачал на Путин дека хуманитарните конвои без никакво задржување мораат да стигнат до оние на кои им е неопходна помош.
Макрон при тоа оценил дека дневните петчасовни прекини на огнот во бунтовничката енклава Источна Гута, што Русија ги воведе од минатата недела, се „неадекватни“.




