Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство, откако го загуби мнозинството во парламентот

0
By Sashko on June 23, 2022 СВЕТ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2022 08:59

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, тој повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“.

Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата партија го изгуби парламентарното мнозинство, Макрон призна дека постојат зголемени „поделби“ по изборите и ја повика политичката класа да научи да владее и да донесува закони поинаку.

Партијата на францускиот претседател не освои апсолутно мнозинство во Националното собрание и мора да формира сојузи, или од случај до случај, или во рамките на коалиција.

„Треба да се градат компромиси, збогатување со амандмани, но тоа да се прави потполно транспарентно, можам да кажам на отворено небо, со желбата за обединување и дејствување за нацијата“, истакна претседателот во кусото телевизиско обраќање.

Според конечните резултати од изборите, центристите на Макрон освоија најмногу пратенички места, 245 од вкупно 577, но, за апсолутно мнозинство неопходни се најмалку 289 места. На второ место е левичарската коалиција, Нова народна еколошка и социјална унија (Нупес) со 131 место. Десничарската партија на Националниот собир со лидерката Марин Ле Пен доби 89 места, а десничарските републиканци имаат 61 пратеник.

Тој ги потсети политичките сили на одговорноста што ја имаат.

„За корисно да се оди напред, сега политичките групи треба транспарентно да се изјаснат до каде се подготвени да одат“, додаде Макрон.

Францускиот претседател најави дека летово треба да се донесе закон за куповна моќ и подобра плата, да се донесат првите одлуки за целосно вработување, да се направи силен избор за енергијата и климата и да се воспостават итни мерки за здравјето, без разлика дали станува збор за болниците или за епидемија.

Според него, Владата ќе почне да го гради овој нов метод и нова конфигурација, кога ќе се врати од Самитот на ЕУ во Брисел, што треба да се одржи денеска и утре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.