Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон на чело на Франција: Слобода, еднаквост и братство

0
By Нова ТВ on May 8, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 8, 2017 11:17

Со  освоени 66,06 отсто од гласовите, лидерот на центристичката партија „Напред“, Емануел Макрон, е избран за нов претседател на Франција во вториот круг од претседателските избори.

Според резултатите што рано утринава ги соопшти Министерство за внатрешни работи, со пребројани 99,99 отсто од гласачките ливчиња. Марин Ле Пен, лидер на екстремнодесниот Национален фронт, освои 33,94 отсто од гласовите на француските избирачи.

Излезноста во вториот круг од изборите е речиси 75 проценти, но на овие избори има најголем број неважечки ливчиња во однос на сите избори во Франција воопшто – дури 11,5 отсто.

Ова се први претседателски избори во Франција по 1969 година на кои излезноста во вториот круг е помала отколку во првиот.

Новоизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон во победничкиот говор изјави дека ќе и служи на неговата земја со понизност, сила и љубов. Тој на вчерашните избори доби 66 насто од гласовите, пред кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Триесет и девет годишниот Макрон се појави пред неколку илјади приврзаници пред музејот Лувр во Париз со химната на Европската унија „Ода на радоста“.

Тој притоа вети дека ќе стори се Французите да немаат причина да гласаат за екстремните опции.

-Европа и светот очекуваат од нас да го браниме духот на светлината кој е под закана на толку многу места. Тие очекуваат да ја браниме слободата насекаде, да ги заштитиме угнетените. Тие очекуваат да донесеме нова надеж, нов хуманизам, рече тој.

Макрон кој беше придружуван од неговата сопруга Брижит оцени дека на Франција и претстои огромна задача во обезбедувањето парламентарно мнозинство со цел да се направат неопходните промени за иднината на земјата.

-Ќе ви служам со понизност, со сила. Ќе ви служам, останувајќи верен на републиканските принципи „Слобода, еднаквост и братство“. Ќе ви служам со верност на довербата што ми ја укажавте. Ќе ви служам со љубов. Да живее Републиката. Да живее Франција, рече Макрон.

Во согласност со француското законодавство, Емануел Макрон функцијата претседател ќе ја преземе од досегашниот шеф на државата Франсоа Оланд на 14 мај.

Аналитичарите во Франција потенцираат дека Макрон ќе нема многу време за прослава, бидејќи на 11 и на 18 јуни Французите повторно треба да излезат на гласање, овој пат на парламентарни избори на кои ќе треба да изберат 577 членови на Националното собрание. Исходот од парламентарните избори ќе покаже дали новиот претседател ќе обезбеди мнозинство кое ќе може да издејствува усвојување на реформската програма или, пак, најчесто ќе се соочува со сериозни препреки во Парламентот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.