Елисејската палата објави кратко соопштение во кое се вели дека претседателот Емануел Макрон попладнево последователно разговарал со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА.

„Целта на разговорите била да се поттикнат двете земји да продолжат со дијалогот за изнаоѓање на решение за спорот меѓу нив, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија“, се нагласува во соопштението.

„Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент“, се додава во краткото соопштение.