Published: Thursday, February 24, 2022 22:29
По инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.
Имаше „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“, пренесува агенција ДПА.
Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.
Макрон е првиот западен политичар кој разговарал со Путин по неговата меѓународно осудена наредба за инвазија. Телефонскиот разговор се одржал по иницијатива на Париз.




