Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Задолжителна вакцинација, од септември контроли и санкции

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата,  јави дописникот на МИА од Париз. Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе, најави Макрон и предупреди дека од „15 септември ќе се вршат контроли и ќе се преземаат санкции“.

Тој рече дека земјата се соочува со „силно обновување на епидемијата што ги зафаќа сите територии“, објаснувајќи дека „појавата на варијантата Делта резултира со зголемување на контаминациите во светот“.

– Ако не реагираме денес, бројот на случаи ќе продолжи да се зголемува и хоспитализациите ќе растат од август. Имаме главно средство: вакцината. Тие нè штитат солидно од Делта варијантата и спречуваат 95 отсто од тешките форми. И да резимираме: Колку повеќе вакцинираме, толку помалку простор ќе оставиме за ширење на вирусот, толку повеќе ќе избегнеме хоспитализации, истакна Макрон.

Тој смета дека треба да се постави прашањето за задолжителна вакцинација за целото население, и ги повикува сите Французи да се вакцинираат што е можно поскоро.

– Ве чекаат девет милиони дози. Вакцинирајте се, тоа е единствениот начин да се заштитите себе и да ги заштитите другите, рече Макрон.

Тој најави дека од почетокот на септември ќе почне кампањата за трета доза за вакцинираните во јануари и февруари. Исто така, на почетокот на учебната година кампањи за вакцинација ќе има и за учениците од основно и средно образование.

– И покрај вакцината, ве замолувам сите да продолжите да бидете внимателни и да продолжите да ги почитувате мерките за спречување на вирусот, истакна Макрон.

Тој рече дека од почетокот на август, здравствениот пасош ќе важи за кафулињата, рестораните, трговските центри, болниците, домовите за пензионери, но и во авионите, возовите и автобусите за долги патувања. Притоа, појасни дека „само вакцинираните и тестираните кои се негативни ќе можат да пристапат до овие места без оглед дали се клиенти, корисници или вработени”. Како новина од оваа есен спомена дека ПЦР тестовите ќе се плаќаат освен ако не ги препише лекар. Емануел Макрон го започна својот говор пред Ајфеловата кула, осврнувајќи се на целиот тек на пандемијата во Франција.

– Како од почетокот на пандемијата, сакам да зборувам директно со вас. Каде сме ние во нашата борба? Благодарение на исклучителната посветеност на негувателите и медицинските работници, успеавме да ја контролираме епидемијата и повторно да .живееме. Успеавме во текот на изминатите две недели да одиме под 2.000 контаминации на ден. Хоспитализациите и смртните случаи се на најниско ниво. Животот можеше да продолжи затоа што се организиравме, нагласи Макрон.

Во однос на економијата, Макрон рече дека се заштитени бизнисите, работните места, се отвориле 187.000 нови работни места од почетокот на годината, а е зачувана и куповната моќ на Французите. За 2021 година, тој предвидува раст од шест отсто.

вакцини Макрон Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.