Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мал драмски театар денеска протестира против лошиот третман

0
By on May 1, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 1, 2013 14:32

Мал драмски театар од Битола протестира и денешниот празник реши да го помине работно.

„И покрај неколкуте денови исполнети со успеси, денес, на 1. мај во малиот канцелариски простор на „Мал драмски театар – Битола“ ја реализираме првата проба за проектот „Корекција“ од Зоран Гаши во режија на Ник Апре (Нико Горшиќ), кој што е копродукција со фестивалот „Експонто“ од Љубљана.
Креативната и актерската екипа предводена од продукцискиот тим Стефановски и Лозановски одлучи работно да го помине овој ден во знак на протест за лошиот третман кој го добиваме од институциите и покрај статистичките показатели кои не’ прават најуспешен театар во Македонија“, велат од Театарот

Мал Драмски Театар – Битола на 29 април на сцената на театарот “Андреас Воутсинас“ во Солун ја одигра претставата „Столови“ од Јонеско во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

„Познатата театарска криричарка, режисерка и професорка, Васо Папахаралампус воодушевена од играта на доајенот Јоана Поповска и великанот Анастас Попдимитров предложи да работиме заедничка претстава а режисерот Павлос Данелатос не покани да ја одиграме „Столови“ уште неколку пати во Солун. Овој настап со претставата „Столови“ е од огромно значење бидејќи по повеќе од 10 години, во Солун, се игра македонска претстава“, вели Благој Стефановски, првиот човек на Театарот

Деновиве во Солун се реализирале и неколку проби за претставата „Крал Рес“ копродукција со театарот „Андреас Воутсинас“ во кој учествуваат 24 актери (по 12 од двете страни) комбинација од доајени, млади актери, студенти и аматери. Оваа претстава, заедно со неколку семинари и изложби, е дел од проектот „Интеракт“ финансиран од програмата на ЕУ за Прекугранична соработка.

На 26. април на Интернационалниот фестивал на монодрама во Валона, Мал Драмски Театар – Битола учествуваше со монодрамата на Здравко Стојмиров, „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на Роберт Симоновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.