Published: Wednesday, December 10, 2014 17:20
Денеска во Осло официјално им беше врачена Нобеловата награда за мир за 2014 година на 17-годишната Малала Јусуфзаи од Пакистан и на Кајлаш Сатиарти од Индија за нивната борба за правата на децата.
Младата Малала наградата ја посвети на сите девојки во светот и побара таа да им служи како инспирација да се борат за своите права.
Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Торбјерн Јагланд изјави дека сите деца имаат право на детство и образование, а не на принудна работа, истакнувајќи дека овогодишните победници најдобро ја одразуваат совеста на светот.




