Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малала со загриженост кон Обама за нападите врз Пакистан

0
By Нова ТВ on October 13, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 13, 2013 10:39

Младата Пакистанка Малала Јусуфзаи, која пред една година го преживеа талибанскиот атентат, му изразила на американскиот претседател Барак Обама загриженост поради американските напади со беспилотни летала врз цели во нејзината татковина.

-Изразив загриженост поради нападите со беспилотни летала, што го поткрепува тероризмот”, изјавила 16-годишната Малала Јусуфзаи по средбата до петокот во Белата куќа со претседателот Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

-Невини жртви гинат во тие акции, кои го поттикнуваат незадоволството кај пакистанскиот народ”, рекла Малала која во четвртокот ја прими наградата Сахаров со која Европскиот парламент им одава признание на борците за човекови права и беше фаворит за Нобеловата награда за мир која ѝ беше доделена Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW).

Вашингтон ги користи беспилотните летала за напади врз засолништата на исламистичките борци во тешко пристапните планински подрачја во северозападен Пакистан.

Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитет, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор меѓу двете влади. Покрај тоа, пакистанската влада предупредува дека со ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да се предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти.

Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.

Припадник на групацијата Техрик-е-Талибан на 9. октомври 2012 година ја застрела Малала во глава во градот Мингор во долината Сват, северозападна пакистанска полуавтономна планинска паштунска област во која талибаните го воведоа строгото шеријатско право во периодот од 2007 до 2009 година.

Во февруари годинава повеќечлена екипа медицински експерти пет часа ја оперираше Малала Јусуфзаи во болницата „Кралица Елизабета” во Бирмингем, по што беше префрлена на лекување во Велика Британија. Лекарите извршија реконструкција на черепот со поврзување на черепот со плоча од титаниум и имплатација на кохлеата со што и е вратен слухот.

Нападот на Малала Јусуфзаи Tалибанците го преземаа како одговор на нејзините критики на својот блог за нивните политики во образованието, особено кон жените. Малала својот блог го започнала на 11-годишна возраст. И покрај тоа што нејзиниот онлајн дневник беше воден под псевдоним, Талибанците го открија нејзиниот идентитет откако девојчето беше одликувано со Националната награда за храброст, а беше номинирана и за меѓународната детска награда за мир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.