Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мали се шансите за договор со Грција за спорот за името

1
By Соња Петрушевска on May 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дивергентните ставови во однос на промената на Уставот на македонската и грчката страна ја комплицираат завршницата на преговорите за спорот и ги минимизираат шансите да се постигне договор пред Самитот на НАТО и почетокот на пристапните преговори со Европската Унија.

За финален договор за тридеценискиот спор со кој би се отворила евроатлантската интеграција на Македонија остануваат помалку од два месеци – период во кој двете страни ќе се обидат да најдат излез од ќорсокакот.

Главен проблем е инсистирањето на Грција, Македонија да го промени Уставот со што новото договорено име би се користело и за  домашна употреба, со што не се согласува македонската позиција. Атина инсистира дека ерга омнес примената на новото име мора да биде обезбедено и со промена на Уставот. Грција не се согласува со промена на Уставот да се гарантира дека новото име ќе биде за меѓународна употреба – унилатерална и билатерална, а за целосна имплементација да се организира рефрендум евентуално кога ќе дојде време за приклучување кон Европската унија.

Инсистирањето на грчката страна за отворање и менување на Уставот на Република Македонија, со толкување дека правниот термин „ерга омнес“ означува дека евентуално новото договорено име за државата би требало да се применува и за внатрешна употреба, стручната, па и пошироката јавност во Македонија ги доживува како нова уцена на Грција. Во меѓународното право е јасно дефинирано дека терминот ерга омнес означува употреба кон сите држави во меѓународните односи, а не и за внатрешна употреба, коментира експертската јавност.

Во меѓувреме продолжуваат интензивните преговори меѓу министерот за надворешни работи Димитров со својот грчки колега Коѕијас, прво во Сунио на состанокот на  Вишеград 4 и Балкан 4, на 10 и 11 мај, а потоа на 12 мај во Атина со средба со посредникот Нимиц.

Само една недела подоцна во Софија на 17 мај, на Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се сретнат премиерите Заев и Ципрас, на која се очекува двајцата лидери да се обидат да преземат политичката одлука за решение за спорот.

Но, дипломатски извори за НОВА ТВ коментираат дека шансите за договор се мали, поради грчкото инсистирање за промена на Уставот.

Во неодамнешното телевизиско интервју, Никос Коцијас ја отфрли можноста да се најде решение до самитот на НАТО во јули, што ќе и  овозможи на Атина да даде согласност за покана за членство на Македонија. Коѕијас во истото интервју вели дека целата работа би требало да се заврши најрано на есен.

Во случај да не се постигне договор, грчкиот весник „То Вима“ пишува дека Атина ќе биде повикана да донесе одредени тешки одлуки, особено на Самитот на ЕУ на крајот од јуни.

„Тогаш, во услови на можни притисоци, ќе се утврди дали Атина ќе се согласи за доделување датум за отпочнување пристапни преговори на ПЈРМ со ЕУ, бидејќи Брисел и многу земји членки сакаат итно одново приближување со Западен Балкан, или ќе стави вето“, пишува „То Вима“ и додава дека на ниво на постојани претставници, Атина не била против препораката на комисијата за доделување датум за почеток на преговори.

 

Заев мали шанси за договор спор за име Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.