Специјалните сили на Мали, придружувани од единицата за специјални операции на САД изведуваат спасувачка акција за ослободување на заложниците на Ансар-ал дин, есктремистичката милитантска група која сака да го имплементира исламскиот шеријат во Мали.
– Американските сили помагаат за преместување на цивилите околу регионот кој е опколен од полицијата, изјави поручникот Ентони Фалво, портпарол на силите на САД во Африка.
Според досегашните информации, ослободени се голем број на заложници а убиени се најмалку тројца.
Ситуацијата започна околу 7 часот утрово во „Радисон“ хотелот во главниот град на Мали, Бамако, кога вооружени џихадисти со дипломатско возило упаднале во хотелот во кој најчесто одседнуваат странски претставници во земјата.
До пладне, ослободени биле 80 заложници од вкупно 170 во кои имало 30 членови на послугата на хотелот.
Според Оливер Салгадо, портпарол на мисијата на ОН, во хотелот престојувале делегации кои работеле на мировни преговори во земјата која се бори со исламските екстремисти веќе подолго време.
Од убиените, двајца биле од Мали и еден државјанин на Франција. Повредени биле и двајца членови на персоналот, но засега нема образложение за конкретната ситуација.




