Специјалните сили на Мали започнале операција за неутрализирање на џихадистите кои утрово заробија 170 гости и членови на персоналот на хотелот „Радисон“.
Катарската Ал Џезира ги идентификуваше напаѓачите како Ансар-ал дин, есктремистичка милитантска група која сака да го имплементира исламскиот шеријат во Мали.
CNN известува деа тројца се убиени, двајца со државјанство на Мали, и еден Французин.
Францускот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, во меѓувреме на прес-конференција објавија дека Франција ги презела сите неопходни мерки за да се справат со терористите кои го зазедоа хотелот во главниот град на Мали, Бамако.
Во француската амбасада во градот, инсталирана е специјална единица која е на готовс. Засега не се знае дали во акцијата за спасување на заложниците учествуваат француски трупи.




