Џулијан Кадман, 7-годишното момче кое беше исчезнато по нападот во Барселона починал во четвртокот, соопшти здружението SOS Desaparecidos (СОС исчезнати).
«Семејството на Џулијан Кадман не извести дека тој за жал е дел од жртвите во терористички напад. Во овој неправеден и болен миг ја делиме болката на семејството и блиските на Џулијан, Нека почива во мир», напиша здружението на социјалните мрежи.
Каталанската полиција и семејството на Џулијан потврдија дека тој е една од жртвите во убиствениот терористички напад на Лас Рамблас во Барселона, напад во кој загинаа 14 лица а над сто се ранети.
Малиот Џулијан имаше двојно британско и австралијанско државјанство. По нападот фотографијата на Џулијан беше објавена низ целиот свет бидејќи тој од четвртокот се водеше како исчезнат. Неговиот дедо од Австралија испрати повик за потрага на Џулијан и си негоата фотографија.
Мајка му беше ранета во нападот и се уште е во болница со тешки повреди но нејзината состојба е стабилна, велат лекарите. И таткото пристигна во Барселона каде што сведочи пред шпанската полиција.




