Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малиот групен дом во Тимјаник ги отвора вратите за првите дечиња

0
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 20, 2018 09:25

Во неготинското село Тимјаник денеска ќе биде отворен мал групен дом во кој ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод во Демир Капија.

На отворањето на домот е најавено учество на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ и на ОН во Македонија   Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на Неготино Тони Делков и граѓански организации.

Со Проектот за деинституционализација на 216-те штитеници од Специјалниот дом во Демир Капија, поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и Европската Унија, се предвидува во рок од две-три години, нивно преместување во мали домови во општини ширум Македонија, за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.

 

 

На почетокот на јуни, по најавата дека во неготинското село ќе се гради ваков дом, жителите организираа протести. На еден од нив дојде и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со претставници на УНИЦЕФ и на ОН, кога жителите во зовриена атмосфера упатија навреди на сметка на децата кои треба да бидат сместени во домот и со барање, тие да останат „понастрана од нивните деца“.

 

 

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков кој тој ден беше отсутен, во изјава за НОВА рече дека жителите на Тимјаник биле погрешно информирани за децата кои треба да бидат донесени од Заводот во Демир Капија и дека не знае кој го направил плакатот со кој жителите се повикуваат на бојкот, но веќе имаат некакви сознанија кој има давал погрешни информации на жителите на Тимјаник.

Потоа тензиите се смирија, а на крајот на јуни Царовска беше во Тимјаник на средба со жителите, по што соопшти дека има согласност да се гради мал групен дом за децата со попреченост.

Тимјаник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.