Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум објави дека Грција ја затворила вратата за било какви идни преговори. Најавата на Ципрас за референдум уште толку ги забетонира темелите на недоверба и несигурност помеѓу доверителите и должникот.
Тие очигледно ги отфрлиле конечните предлози од страна на институциите, ова го изјави Дејселблум пред состанокот на министрите од еврозоната.
Трет пат неделава Грција и министрите за финанции од еврозоната не успеаја да се договорат за долгот на Грција. Кредиторите се жалат на предлогот на Грција кој вклучува само зголемување на даноците, но не и намалување на трошоците. Ситуацијата веќе е сериозна со оглед на тоа дека следната недела истекува рокот на Грција да отплати дел од својот долг кон кредиторите, а постои реална опасност грчките банки да не отворат во понеделник. Светските медиуми веќе објавуваат дека на Грција во вторник и се заканува банкрот кој во моментов е се поизвесен.




