Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАЛМЕД: Рокот на вакцините на „Фајзер“ е продолжен од шест на девет месеци

0
By Sashko on December 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцината Comirnaty од шест на девет месеци.

Согласно, извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Северна Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови, информираа денеска од МАЛМЕД.

Оттаму додаваат дека збирниот извештај за карактеристиките на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети, на температура од -90 °C до -60 °C.

Во рамки на рокот на употреба од девет месеци, неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C, еднократен период од најмногу две недели, и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C.

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД) оваа одлука ја има објавено јавно на својата веб страница во ноември 2021 година и за истата ги има информирано здравствените работници.

вакцини Македонија МАЛМЕД рок фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.