Франција е бронзена селекција на Европското ракометно првенство во Хрватска. Во меч за третото место „триколорите“ ја совладаа Данска со 32:29, откако и на полувреме имаа плус три (17:14).
Најефикасни во победничката репрезентација беше Никола Карабатиќ со девет погодоци, Мае, Абало и Сораиндо реализираа по пет, а Валентин Порт четири. Прв стрелец во „малото“ финале беше Данецот Линдберг со 12 гола.
Мечот за титулата меѓу Шведска и Шпанија започнува во 20,30 часот.