„Мало“ финале на ракометното ЕП: Бронзениот медал за Франција

„Триколорите“ во меч за третото место ја совладаа Данска со 32:29. Најефикасен во победничката репрезентација беше Никола Карабатиќ со девет погодоци, прв стрелец на натпреварот беше Данецот Линдберг со 12 гола. Од 20,30 часот и пресметката за титулата меѓу Шведска и Шпанија

ЕХФ ЕУРО 2018: Хрватите и Французите во главна улога во Загреб

„Коцкесите“ го поправија впечатокот од мечот со Белорусија и ја совладаа Норвешка со 32:28 за втора радост во главната фаза, „триколорите“, пак, беа подобри од вториот скандинавски претставник во групата, Шведска со 23:17. Голем придонес во победничките селекции имаа голманите Иван Стевановиќ и Венсан Жерар. Утревечер (недела, 20.30 ч.) Македонија против Шпанија во Вараждин

Ракомет,ЕП: Германија и Данска фрлија ракавица за Македонија и Шпанија

Данците со 31:28 ја поразија Словенија и избија на чело на табелата во групата 2 во Вараждин со четири бода колку што имаат и Германците кои во последните десет минути го скршија отпорот на жилавата Чешка за конечни 22:19

Нова инфаркт победа на ракометарите: Македонија во втор круг на ЕП

„Црвено-жолтите“ триумфираа и на Црна Гора со 29:28 и се промовираа како сигурни учесници во наредната фаза на 13. Европско првенство во Хрватска. Кузмановски беше најефикасен со шест гола, капитенот Лазаров, Миркуловски, Манасков реализираа по четири за преземање на лидерската позиција на табелата во групата Ц пред судирот со актуелниот континентален првак Германија во среда од 18,15 часот

Од грч до хепиенд: Македонија ја пречкрта Словенија на ракометното ЕП

„Црвено-жолтите“ за првпат почнуваат со победа на еден континентален турнир, во случајот во Хрватска. Во премиерниот настап се совладани „змајчеки“ на Веселин Вујовиќ со 25:24. Ако треба да се издвои некој, тоа сигурно се голманот Никола Митревски со неговите интервенции во првото полувреме и Дејан Манасков со осум гола и Кире Лазаров со седум. Утре е слободен ден, во понеделник (20,30 ч.) Македонија во дуел со Црна Гора