Шеснаесетгодишен велосипедист е во животна опасност на клиниката КАРИЛ при Ургентниот центар во Скопје откако вчера попладнето се судрил со мотоцикл „Јамаха“управувано од осумнаесетгодишник на локалниот пат кон Средно Водно.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди(скршеница на рака, нога и повреди на глава) додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди и не е во животна опасност.