По подолго време, најуспешниот македонски режисер, Милчо Манчевски говори за состојбите во културата во Македонија.

Тој вели дека и покрај успесите на филмовите што ги изработел, во Македонија останал аутсајдер.

„Среќен сум поради тоа, затоа што не се чувствувам дел од никаков културен естаблишмент. Не припаѓам на ниту една банда.“, вели Манчевски во интервју за Гласот на Америка.

Милчо Манчевски вонредно предава на филмската школа ВГИК во Москва, открива дека го завршил новото сценарио за филм и размислува каде ќе го реализира, најверојатно во Берлин.

Подготвува и нова изложба на фотографии, по трагата на претходните „Улици“ и „Пет капки сон“.

Превземено од Гласот на Америка.