Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски со филм на јубилејниот фестивал во Венеција

0
By Нова ТВ on August 8, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 8, 2013 11:06

Дирекцијата на Филмскиот Фестивал во Венеција го објави учеството на Милчо Манчевски во специјалниот проект посветен на јубилејот.

Во чест на овогодишниот јубилеј, 70-тото издание на Венецијанскиот Филмски Фестивал, директорот на Фестивалот Алберто Барбера упати ексклузивна покана до режисерите кои влегле во историјата на Фестивалот во Венеција и во светската кинематографска историја, вклучувајќи го и Манчевски, да изработат кратки филмови на тема „Иднината на кинематографијата“.

Филмовите ќе бидат прикажани во специјалната селекција Venezia 70 – Future Reloaded.

Манчевски учествува со краткиот филм под наслов „Четврток“, снимен по специјална покана на Фестивалот. Снимањето заврши во мај во Њујорк.

Сценариото е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата глумица Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска.

„Мило ми е што после подолго време пак снимав во Њујорк (со одлични соработници, особено продуцентот Арон Левин, монтажерот Питер Мостерт и композиторот Новоградска), но темата, како и обично е универзална, а не локална. „Четврток“ е ептен краток филм, како хаику, ама има ефект како кога рака облечена во чипка те удира силно во стомакот“, изјави Манчевски.

Во специјалната селекција „Иднината на кинематографијата“ учество земаат најславните имиња на светската кинематографија. Покрај Манчевски, со свои филмови се претставуваат и Бернардо Бертоlучи, Ким Ки-Дук, Пол Шредер, Абас Киаростами, Валтер Салјес, Монте Хелман, Катарин Бреја, Клер Дени, Атом Егојан, Џејмс Франко, Ермано Олми, Амос Гитај, Жан-Мари Штрауб, Тод Солонц, Апичатпонг Верасетакул и други.

Манчевски го освои Златниот лав за најдобар филм во Венеција во 1994 за „Пред дождот“, кога освои уште девет други награди, а неговиот филм „Прашина“ го отвори Фестивалот во 2001. На Фестивалот подоцна беше воведена и наградата „Кругот не е тркалезен“ насловена така според мотото на филмот „Пред дождот“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.