Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски го скандализирал и Холивуд: Продуцентката Лаура Зискин прелетала 6.087 милји да му врачи отказ

0
By Ана Василевска on May 23, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА
Милчо Маначевски
Милчо Маначевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Снимањето прекина, а Манчевски доби отказ. „Толку ни олесни“, вели член на продукцискиот тим. „Со месеци го молевме студиото да го отпушти. Друг пак од тимот на продукцијата додава: „Се надевам дека ќе остане во холивудскиот затвор долго, долго време“.

Неколку недели подоцна, директорите на „Фокс“ беа во шок кога дознаа дека Манчевски го искршил предниот дел од неговиот rent-a-car. Набргу потоа следеа бројни неподмирени билети за паркирање“., пишува во написот.

Додека режисерот Милчо Манчевски се обидува да ја дефокусира јавноста од кривичната пријава против него од Агенцијата за филм поднесена за немање финансиски извештај во висина од 55.000.000 денари и други финансиски нерегуларности, исплива текст од 1998 година со наслов Холивуд го тресат „Креативни разлики“. Иако Манчевски со години во јавноста изигрува жртва, ги клевети колегите и врши притисок врз Агенцијата за филм, велејќи дека засекогаш ја задолжил кинематографијата и државата со единствениот успех на филмот „Пред дождот“ и дека во Холивуд „плачат“ да имаат ваков автор, овој напис обелоденува нешто сосема спротивно.

Имено како што пишува во написот „Она што се случи на сетот на филмскиот проект, може да парира на дејството на самиот филм.“

Како што појаснува авторот на овој напис „креативни разлики, тоа е политички коректната фраза која холивудските студија ја изговараат секогаш кога режисерот на филмот ненадејно ќе биде сменет“.

Дали имало разлики? Дефинитивно. Дали биле креативни?

Авторот на написот пишува дека ароганцијата и чудното однесување не се невообичаени во Тинзелтаун,  „но, во февруари, се случи една од најлошите битки ‘студио – против – режисер’ во изминатите години и тоа за време на снимањето на хорор филмот Ravenous, што кулминираше со тоа што претседателката на Фокс 2000, Лаура Зискин прелета 6.087 милји до сетот во Прага за да му врачи отказ на режисерот Милчо Манчевски (кој го сними македонскиот филм од 1994 година, номиниран за Оскар, ‘Пред дождот’).“

Лаура Зискин
Лаура Зискин

Според написот „отпуштањето стави крај на  турбуленциите кои траеа со месеци, а започнаа минатото лето кога Манчевски пристигна во Л.А. да разговара за проектот и побара од Фокс да му изнајми кабриолет или луксузен автомобил; одговорот на Фокс беше ‘не’ и му изнајми друг автомобил. Неколку недели подоцна, директорите на „Фокс“ беа во шок кога дознаа дека Манчевски го искршил предниот дел од неговиот rent-a-car. Набргу потоа следеа бројни неподмирени билети за паркирање“., пишува во написот.

Филмската екипа и продукцијата се молеле да го отпуштат

Како што раскажале извори од продукцијата, „Во Прага, Манчевски брзо се изолира од филмската екипа велејќи им дека можат да разговараат со него само во одредени часови – за време на ручек и од 18:15 до 19:15 часот. Извори од продукцијата тврдат дека тој исто така одбил да има состаноци околу сценариото и буџетот со продуцентот Дејвид Хејман и со извршниот продуцент Тим ​​Ван Релим. Една недела пред продукцијата, Манчевски го изненади Фокс со приказни кои би додале приближно две недели на снимањето. Фокс на крајот се согласи на уште една недела снимање – но на првиот ден од продукцијата, Манчевски одби да го потпише буџетот и распоредот, а третина од денот беше изгубена додека страните се обидоа да се договорат“.

Авторот додава: „Имаше и постојани преправки на сценариото додека камерите снимаа. „Во еден момент работите беа толку лоши, што ни се удвоија пушачките паузи“, вели сценаристот Тед Грифин. „ Си рековме: „Можеби нема да го снимиме филмот, но сигурно ќе добиеме запаление на плуќа“.“ И како што се вели „последната капка што ја прели чашата беше самата снимка на Ravenous, која не го израдува студиото. Снимањето прекина, а Манчевски доби отказ. „Толку ни олесни“, вели член на продукцискиот тим.

„Со месеци го молевме студиото да го отпушти. Друг пак од тимот на продукцијата додава: „Се надевам дека ќе остане во холивудскиот затвор долго, долго време“. Манчевски, преку неговиот адвокат, одбил да коментира, но на пријателите им кажал дека никогаш повеќе не сака да помине низ студискиот процес“. „Со Милчо, сетот беше тежок и неодржлив“, вели еден од упатените во продукцијата. „Сега се тече како подмачкано. Целата атмосфера се промени“, стои во написот.

Исто така агресивното уверување и замајување на јавноста преку флуентен ПР за успехот на филмот „Кајмак“, дадоа друга слика во објективните странски критики, меѓу кои и онаа на „Холивуд репортер“.

За нерегуларности во финансиското работење, во јавноста излегоа бројни текстови од редакцијата на Цивил, а по кривичната пријава треба да постапат надлежните институции.

 

 

Агенција за филм Милчо Манчевски Холивуд Холивуд репортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.