Ноќва во повеќе градови во Франција полицијата извршила 150 претреси. Во Лион се уапсени 15 лица. При претресите е пронајдено оружје при што бил откриен и еден минофрлач.
Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека во наредните денови се очекуваат нови терористички акции.
Ова го кажувам не за да ги заплашам граѓаните туку за да бидат во тек со развојот на настаните, изјави Валс утрово. Тој исто така напомена дека постојат информации за подготовки на терористички напади не само во Франција туку и во други европски држави. Францускиот премиер рече дека терористичкиот напад бил планиран и организиран во Сирија.
Ноќва француската воена авијација изврши повеќе воздушни напади во Сирија при што биле уништени командно место и камп за обука на припадниците на ИСИС.
Денеска точно напладне во цела Европа ќе со едноминутно молчење ќе се оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад кој се случи во петокот вечерта при што загинаа, според последните информации, 129 лица.




