Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марија Димитрова е нова претседателка на Друштвото на филмски работници на Македонија -ДФРМ

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 2, 2026 15:59

На годишното редовно Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија ДФРМ, членовите со мнозинство гласови ја избраа познатата продуцентка Марија Димитрова за нова претседателка на организацијата со мандат од четири години.

Во изборниот процес за претседател на ДФРМ се натпреваруваа двaјца кандидати. Покрај Димитрова, противкандидат беше Мартин Иванов, искусен филмски монтажер, кој низ кариерата монтирал филмови од различни формати и жанрови.

Новата претседателка, Марија Димитрова, доаѓа на оваа функција со богато професионално искуство и достигнувања во продукцискиот дел на филмската уметност. Димитрова е дипломиран продуцент на Факултетот за драмски уметности – Скопје и дипломиран инженер по информатика од Природно-математичкиот факултет – Скопје.

Со филмска продукција активно се занимава од 2013 година и зад себе има богато искуство во создавање пократки и долгометражни филмови. Во периодот 2014–2025 година, Димитрова работела на 16 кратки играни и документарни филмови, прикажувани на престижни светски фестивали, меѓу кои Санденс, Хоџ Догс, Талин – Black Nights, Сараево, со бројни освоени награди.

Во 2016 година Димитрова ја основа Лист Продукција. Како продуцент на долгометражни филмови, стои зад три мошне успешни остварувања од македонската кинематографија. Филмот „Сестри“ (премиера во Карлови Вари, Специјална награда од жирито, македонски кандидат за Оскар) е филм прикажан на повеќе од 40 фестивали и еден од првите македонски филмови на Netflix. Филмот „Домаќинство за почетници“ кој  премиерно беше прикажан на Фестивалот во Венеција, каде ја освои наградата Queer Lion, беше исто така македонски кандидат за Оскар, дистрибуиран од Universal Pictures и Focus Features и е прв македонски филм со глобална дистрибуција. Последниот продуциран филм „Ера“ ја имаше својата премиера во Бруклин, a македонската премиера се одржа на фестивалот Синедејс, каде ја освои наградата за најдобар филм.

Димитрова е член на Европската филмска академија, како и на престижните продуцентски мрежи EAVE и ACE Producers. Во 2022 година беше избрана како Producer on the Move на Канскиот филмски фестивал. Член е на ДФРМ од 2018 година.

Досегашен претседател на Друштвото на филмски работници, во два мандата, беше Игор Иванов – Изи, истакнат режисер и сценарист, со повеќегодишно професионално искуство во филмската индустрија. За време на неговиот мандат, ДФРМ ја зајакна својата улога во промоцијата на македонската кинематографија и обезбеди значајни активности за поддршка на филмските професионалци. Под негово водство, Друштвото активно учествуваше во организирањето на националната филмска ревија „Златна рамка“, поттикнувајќи дијалог и видливост за креативните филмски автори и технички професионалци, како и во иницијативи за унапредување на статусот и условите на работа на филмските работници во државата.

Со изборот на новото раководство, Друштвото на филмски работници на Македонија продолжува со својата мисија за поддршка, развој и афирмација на македонската кинематографија и филмската професија.

 

ДФРМ избрана марија димитрова претседателка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.