Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Без СДСМ нема европска и стабилна Македонија и затоа ние сметаме во оваа кампања ќе ги изнесеме сите наши резултати од изминатите 7 години како Влада

0
By Marta Pesevska on March 3, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денес е убав ден за Македонија, убав ден за СДСМ, затоа што покажавме во еден ден огромна и силна волја на проевропските сили, на нашата партија, силна граѓанска поддршка и организациска супериорност. Во истиот ден се враќам од осмомартовскиот марш во Кавадарци  во организација на Форумот на жени на СДСМ каде што имаше присутно над 6.000 луѓе. Во истото тоа време, во истите неколку часа ги собравме неопходните потписи за поддршка на кандидатурата за вториот мандат на претседателот Стево Пендаровски и вечерва имаме и конгрес во 18:00 часот кога ќе ја потврдиме кандидатурата на претседателот Пендаровскик на веќе собраните потписи. Тоа за нас кажува многу, тоа за нас значи силен поттик за кампањата и мотивација дека и во првиот круг победа на Пендаровски над останатите кандидати“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во живо на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека крајот на вториот мандат на Пендаровски ќе биде 2029 година и дека тоа е реален рок да се завршат преговорите со ЕУ.

„Крајот на вториот мандат на Ковачевски како премиер и  ние во тој мандат планираме да ги завршиме преговорите со Европската Унија. Пендаровски покажа стабилност, покажа сигурност, покажа дека ја води државата на прав пат, во неговото време станавме членка на НАТО, и во неговото време и секако во времето на премиерот Коачевски ги отворивме преговорите со ЕУ. Тоа не се мали достигнувања. Да не заборавиме дека претходно имавме 10 празни години на Ѓорѓе Иванов коишто се надевам никогаш нема да се повторат и се надеваме дека никој нема да даде поддршка односно граѓаните нема да дадат поддршка за да имаме уште едно издание на претседател како што беше Иванов, а тоа би била Сиљановска или некој од останатите“.

Тој додаде дека СДСМ е сигурна дека Пендаровски ќе добие поддршка за втор мандат затоа што се покажа на дело.

„Нема европска Македонија и нема стабилна Македонија без СДСМ и затоа ние сметаме во оваа кампања ќе ги изнесеме сите наши резултати од изминатите 7 години како влада коишто не се малку, и во однос на европската приказна за Северна Македонија и во однос на платите и пензиите и заштита на животниот стандард во овие тешки и кризни години и во однос на справувањето со сите тие проблеми и во однос на продолжување на вистинскиот курс на државата со отварање на сите отворени прашања коишто ни беа на маса и коишто ќе ни престојат за подобрување на оној скор од претходните 7 години. По парламентарните избори на 8 мај СДСМ повторно ќе биде носечкиот столб на новата влада“, заклучи Маричиќ.

избори маричиќ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.