Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за попис на земјоделство во 2023 

0
By Соња Крамарска on September 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешните состаноци во Луксембург во рамки на скрининг процесот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, на денешниот скрининг состанок за поглавјето Статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека после пилот – пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година.

„Нашиот Државен завод за статистика континуирано работи на имплементација на принципите наевропската статистика, периодично проверувајќи го статусот на усогласеност преку самопроценка. Дополнително важно достигнување на кое Државниот завод за статистика активно работеше во текот на 2022 година е Програмата за статистички истражувања 2023-2027 година, за зајакнување на статистичкиот систем во земјата со вклучување на повеќе институции кои собираат релевантни статистички податоци“, истакна Маричиќ, пред претставниците на Еуростат.

Статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса.

„Успешно спроведениот попис, според методологијата и стандардите на Еуростат, после две децении, е потврда за имплементирањето на соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и Еуростат. Во наша корист е што не почнуваме од почеток, бидејќи веќе имавме една образложувачка средба во февруари 2019 година. На ова би го додал, како уште една предност, фактот што после повеќе од 25 години ја транспониравме соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и ЕУРОСТАТ“, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ пред почетокот на објаснувачкиот скрининг, заедно со директорот Апостол Симовски и државната секретарка на СЕП, Абдиу-Халили, одржаа состанок со заменик генералниот директор на Еуростат, Гало Гије, на кој разговараа за подготвеноста и активностите кои ги презема Државниот завод за статистика, со цел полесно да одговори на идните предизвици со кои ќе се соочи, при преносот на податоците во Европскиот статистички систем, во рамки на процесот на пристапување во Европската Унија.

Денеска во Луксембург продолжува скрининг процесот со објаснувачки состанок за поглавје 18 – Статистика.

Бојан Маричиќ Државен завод за статистика попис во земјоделството 2023 преговори ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.