Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Го мобилизираме најдоброто од нашето општество за евроинтеграциите

0
By Соња Крамарска on January 18, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Процесот на преговорите со ЕУ, Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно. Го мобилизираме најдоброто од нашето општество за да им го обезбедиме најдоброто на граѓаните. Затоа ги вклучуваме експертите, искусните, подготвените капацитети од граѓанскиот сектор, од академската заедница, од медиумите“, изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека очекува медиумите да ја имаат клучната улога во зајакнувањето на јавната свест и обезбедување на континуирана поддршка за евроинтеграцијата, преку обезбедување точни и навремени информации, како еден од начините да се спротивставиме на сите лажни вести и дезинформации.

„Јасно треба да ни биде дека пред нас е долготраен, масовен, комплексен и многу значаен процес од повеќе аспекти. Овој процес бара многу вложување напори, труд, знаење и финансиски средства“, кажа Маричиќ.

Тој дополни дека покрај буџетските средства кои се вложени за спроведување на европските реформи, неизоставен дел од овој процес е и помошта што ја добиваме директно од ЕУ фондовите, но и билатералната развојна помош.

„Со потпишување на финансиска спогодба за ИПА 3 за 2021 година, која треба да се случи до крајот на месецов, во износ од над 90 милиони евра ги засилуваме реформите важни за евроинтеграцијата, за правосудниот систем, за антикорупциската политика, за животната средина и за Зелената агенда“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека на вчерашната седница на Владата исто така беше усвоена и Финансиската спогодба за ИПА Годишната акциска програма за 2023 година, во износ од 80 милиони евра, европски средства кои ги ставаме на располагање како директна буџетска поддршка за ублажување на ударите од енергетската криза врз ранливите домаќинства, давателите на јавни услуги и економските оператори.

Бојан Маричиќ ЕУ интеграции преговори скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.