Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Атина: Регионот забрзано се интегрира во ЕУ, нашиот избор е да бидеме дел од проширувањето

0
By Ана Василевска on August 22, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Бојан Маричиќ во Атина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбите во Атина со високи претставници на ЕУ истакнал дека постои момент на решителност за ново проширување на Европската Унија и дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и повторно да чека.

– Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија. Сите се свесни дека Европската Унија, ниту Европа не можат да бидат обединети без секоја држава од Западен Балкан да стане членка во Европската Унија, вели Маричиќ, пренесува во соопштение владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП).

Маричиќ, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски беше во официјална посета на Атина, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“, во изјавата посочил дека на средбата со домаќинот, грчкиот премиер Мицотакис било потврдено цврстото сојузништво помеѓу Грција и Северна Македонија и дека заложбата е, како што сме заедно во НАТО, така треба да бидеме заедно и во Европската Унија.

На средбите со високи претставници на Европската Унија, се посочува во соопштението, Маричиќ рекол дека биле поздравени уставните амандмани, со повик тој процес успешно да заврши со зрелост, одговорност и поддршка од сите политички партии во Собранието.

– Нашиот пат кон Европската Унија е исцртан и тоа е тоа што граѓаните го сакаат. Наш е изборот, дали ќе ги направиме овие неопходни уставни измени и ќе тргнеме на патот кон Европската Унија и членство до 2030-та година или ќе останеме во чекалната, посочува Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ Маричиќ, укажува дека чекањето е стратегија што ќе ја испразни државата од млади луѓе и ќе ја убие надежта, надежта за подобра и за европска иднина и затоа, како што вели тој,  не смееме да дозволиме и не смееме да одиме против волјата на најголем дел од граѓаните Северна Македонија да стане членка на Европската Унија што поскоро.

– Мораме да ја искористиме оваа шанса, и да продолжиме на патот кон брзо членство во Европската Унија. Тоа го сакаме, тоа и го заслужуваме, порачува Маричиќ.

Во рамки на посетата на Атина, вицепремиерот Маричиќ и премиерот Димитар Ковачевски, оствариле билатерални средби и со Маја Синду, претседателката на Молдавија и со претседателот на Украина, Зеленски.

Бојан Маричиќ во Атина ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.