Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Придонесот на граѓанскиот сектор е клучен за успешен напредок во евроинтеграцискиот процес

0
By Ана Василевска on August 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ги започна консултациите со граѓанските организации за подготовката на стратешките документи кои се потребни за отворање на првиот Кластер, Патоказите, со цел, како што рече, „квалитетно и навремено да одговориме на барањата на ЕУ“.

– За ова придонесот од граѓанскиот сектор е најважен поради знаењето кое го има, долгогодишната експертиза и вештините со кои располагаат во клучните области за Патоказите. Како докажан и кредибилен партнер на Владата во сите досегашни реформски процеси, вградувањето на знаењето, анализите и ставовите на граѓанските организации се исклучително важни во дефинирањето на приоритетите за реформските зафати во секоја од областите кои треба да бидат презентирани во трите Патокази, посочи Маричиќ на состанокот.

Како што се наведува во соопштението од СЕП, Маричиќ укажа дека вклучувањето на граѓанското општество во процесот на подготовка на патоказите е многу важно, како поради инклузивноста и транспарентноста на водењето на процесот на преговори со ЕУ, така и за процесот на подготовка на овие стратешки документи.

– Со цел инклузивност и транспарентност на процесот, обезбедување квалитетна изработка на патоказите и интегрирање на знаењето и експертизата на граѓанските организации го вклучуваме граѓанското општество, преку серија средби и консултации, со цел да се обезбеди конкретен пишан придонес при изработката на патоказите од страна на институциите, рече Маричиќ.

На средбата, како што се наведува во соопштението, претставниците на граѓанските организации го поздравија почетокот на консултативниот процес за Патоказите и покажаа интерес за активно вклучување во отворената дискусија со свои видувања, анализа и коментари, кои ќе треба да ги достават и писмено, што ќе биде од витално значење за квалитетот на финалната содржина на овие документи.

Kontributi i sektorit civil është kyç për përparim të suksesshëm në procesin e integrimeve evropiane. Sot i filluam konsultimet me organizatat e shoqërisë civile për përgatitjen e dokumenteve

Вицепремиерот изрази благодарност за посветеноста и желбата процесот да успее и да помогнат, согласно временски праг кој сами си го поставивме на динамика за остварување на мерките кои ќе ги сочинуваат патоказите, додавајќи дека „граѓанските организации остануваат силен партнер во евроинтегративниот процес и како едни од клучните актери во процесот на демократизација на македонското општество остануваат активни до крај на исполнување на стратешката цел на државата, а тоа е членство во ЕУ“.

На состанокот се обрати и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, која подетално ги информираше и ги објасни чекорите кои треба да се преземат следниот период, а државните советници, Драган Тилев и Селвет Барути, и раководилелката на Секторот интеграции, Христина Конеска-Бероска, ја презентираа структурата која Патоказите која да ја следат и формата во која се очекува придонесот од граѓанските организации, во оваа фаза од подготовката на овие документи.

Секретаријатот за европски прашања најави дека средбите со граѓанските организации ќе продолжат во фазите кои ќе следат, а со цел на крајот да се обезбедат патокази кои ќе бидат одраз на напорите на сите општествени чинители за реформи на политиките и институциите, за Република Северна Македонија биде подготвена за полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Бојан Маричиќ граѓански сектор ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.