Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Суштинско прашање за реформата на јавната администрација е како да се задржат добрите, а отстранат неквалитетните кадри

0
By Gabi Tocko on April 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има повеќеслојни проблеми во администрацијата кои што не се сведуваат само на бројката, туку – што работат тие вработени, какви услуги даваат, какви услуги можат да даваат, а не даваат, кој е квалитетот и брзината на тие услуги, каде граѓаните се соочуваат со пречки, корупција, и застој? Дали за тоа се виновни законите, процедурите, или човечкиот фактор? Суштинското прашање што треба да го одговориме е како да се задржат добрите работници во јавната администрација, од една страна, а како на оние што се непрофесионални, неквалитетни и го рушат имиџот на целата јавна управа, да им се најде начин да бидат отстранети од тој систем, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „ИМА“.

Тој додаде дека со Патоказот за реформа на јавната администрација која државата го подготвува пред отворањето на поглавјата од пристапниот процес со ЕУ ќе биде клучно да се најде решение како да се задржат добрите кадри и да се подобри квалитетот на услуги кои ги нуди администрацијата.

Покрај тоа што се соочуваме со сите проблеми со кои што се соочуваме – и покрај сите обиди, триесет години се прави реформа на администрација – имаме премногу институции, имаме во некои институции премногу кадри, а во некои институции премалку кадри, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот нагласи дека потребно е зголемување на платите на дефицитарните кадри, кои во моментов ги немаме во јавната администрација, а се потребни и паметно менаџирање или трансформирање на неефикасниот дел од администрацијата.

добри работници ИМА интервју маричиќ непрофесионален кадар реформа на јавната администрација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.